МАКЕДОНИЈА

Симовски: Државата нема бази на податоци со точен број на иселеници

Првиот човек на Заводот за статистика, Апостол Симовски, во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат, вели дека институцијата којашто ја предводи не може да излезе со статистички податоци за бројноста на населението пред почеток на пописот, а само врз основа на податоците од базите на податоци со кои располага, бидејќи Заводот нема точен податок за лицата коишто се привремено отсутни од државата.

„Она што овие бази на податоци го немаат, не го содржат, а за жал тоа е голем проблем, е отсутноста од државата. Не е проблем да кажеме колку има евидентирано лица вклучени во различните бази коишто ги користиме за овој попис и тие се транспарентни…За жал, како земја којашто има големи проблеми со миграцијата е што ја немаме евиденцијата на емиграцијата, односно во тие бази многу мал процент се опфатени лицата коишто се надвор од државата“, вели Симовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button