ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Син на висок функционер во МВР не почитувал полициска наредба?

На социјалните мрежи се споделува информација дека пред две ноќи во Скопје автомобил мерцедес не застанал кога полициски службеник му дал знак да го запре возилото. Како што неофицијално се тврди, возачот на автомобилот бил син на висок функционер во МВР.
МВР нема официјална информација за случајот бидејќи истиот не е евидентиран во полициските извештаи.
Возачот запрел дури откако поминал три полициски контролни пункта и бил следен најмалку 10 минути од мобилна полициска екипа.