Синадиновска: Пратениците никогаш не прават скандали кога си носат закони за сопствени бенефити

Пратениците никогаш немаат проблем или недоразбирање кога се носат закони со кои добиваат бенефиции, но кога се работи за доброто на граѓаните, се појавуваат препукувања и скандали, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „200“ на Алсат, Катерина Синадиновска, од Советот за етика во медиумите.
„Кога имате политички партии коишто првенствено се водат од својот, партиски интерес во дадениот момент, а не од јавниот интерес, ќе добиеме резултат во којшто, како што знаете, не сме имале седница кога се гласа било каков закон којшто ќе им овозможи бенефиции на самите пратеници или функционери да имаме вакви скандали. Кога се работи за доброто на граѓаните или за некои суштински процеси, тогаш се јавуваат препукувања и скандали“, вели Синадиновска.