ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Синдикалците бараат зголемување на минималецот, веднаш!

Најавите на властите дека минималната плата ќе се зголеми во јуни, за синдикатите е несериозен предлог. Од ССМ остро реагираат бидејќи екс премиерот Зоран Заев вети минималец од 18 илјади денари од први јануари годинава. Синдикалецот Слободан Трендафилов за Алсат вели дека не само што е битно најбрзо што е можно да се зголеми минималната плата, туку со неа да пораснат и останатите плати во државата.

Advertisements

„Многу е лесно со четири или пет пати поголема плата од минималната да кажувате кога треба да се зголеми минималната плата. Ова го зборуваме од причина што зголемувањето на минималната плата од 18 илјади денари треба да повлече скалесто зголемување на останатите плати“, вели Трендафилов.

Министерот за економија Крешник Бектеши за Алсат изјави дека економско-социјалниот тим на владата во овој период ќе работи на можноста да се зголеми минималецот. Тој не ја исклучи можноста во прво време дел од средствата за придонеси на примателите на минимална плата да ги покрива државата.

„Уште стојам на тоа ставот дека во вториот квартал од оваа година да се донесе одлука за раст на минималната плата од 18 илјади денари и сигурно во тој момент ќе излеземе со разни механизми кои ќе можат да ги користат приватните компании“, рече Бектеши.

Работодавачите пак, сѐ уште се на став дека засега е рано за да се зголеми минималецот. Здравствено-економската криза надополнета со сега енергетска криза велат дека сериозно им ја нарушила ликвидноста на компаниите и ќе им биде голем проблем да обезбедат средства за исплата на зголемената минимална плата од 300 евра. Доколку плановите за раст на минималецот пропаднат синдикатите најавуваат парализирање на стопанството.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button