ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Партиите засега само „шушкаат“ за промени во Изборниот законик

Големите политички партии не поставуваат свои критериуми за можен изборен праг доколку се постигне консензус за една изборна единица. Иако засега нема иницијатива за продолжување на политичките преговори за изборното законодавство, јавно зборуваат за тоа. Од СДСМ додаваат дека предлогот на помалите партии за една изборна единица и за отворени листи секогаш ја имал нивната поддршка, но потребен е консензус меѓу сите партии.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во дебатата што ќе се отвори за предвремените избори е подготвена да разговара и за една изборна единица.

Но, од партијата на Мицкоски не се откажуваат од барањето на предвремени избори за кои велат дека дефинитивно ќе се случат. Изразуваат подготвеност да ја предизвикаат власта без моделот на техничка Влада.

СДСМ смета дека не е време за предвремени избори и не се подготвени да преговараат за тоа.

Барањето за предвремени избори го одбиваат сите владејачки партии, а опозицијата го поддржува и бара избори на пролет. Но, од Владата возвраќаат дека редовните избори ќе се одржат во 2024 година.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button