ЕКОНОМИЈА

Синдикатите реагираат на најавите за зголемување на државните плати

Со најавата за линеарното зголемување на платите во државниот сектор, раководителите на дел од синдикатите предупредуваат дека законот треба да се почитува за сите подеднакво за да не се прават нови прекршувања. Од Синдикатот на управата, УПОЗ, велат дека на сите вработени во државната администрација кои работат согласно Законот за административни службеници, мора да им се усогласат платите со минималната, односно за 2.500 ден. Првиот човек на УПОЗ, рече дека ако сите се вклучат во законот треба да има над 20.000 вработени.

Според овој закон, вработените во полицијата, образованието и јавното здравство нема да имаат линеарно зголемување, што значи дека не можат сите 130.000 вработени во јавниот сектор да имаат повисоки плати секогаш кога ќе порасне и минималната. Од Синдикатот на одбраната велат дека законот им гарантира линеарно зголемување.

Од Сојузот на синдикати на Македонија бараат да бидат дел од одлучувањето кога ќе се оценува коефициентот на плата во Предлог-законот за плати во јавниот сектор. Потсетуваат дека лани во март кога минималната плата од 15.200 се искачи на 18.000 денари, предлогот на ССМ беше усогласувањето за 2.800 денари да се направи линеарно. Оваа методологија која со години власта не ја прифаќаше, годинава стана нејзин модел.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека со усогласувањето на минималната плата во март, која се очекува да биде околу 20.500 денари, целата државна администрација, поточно институциите кои го адаптираа Законот за административни службеници, каде минималната плата е компонента во основната, ќе има линеарно зголемување.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button