ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓаните продолжуваат да се мобилизираат за помош за Турција и Сирија

Температурите во ноќните часови се спуштаат под нулата, но тоа не ги демотивираше младите во земјава кои се организираат да соберат помош која потоа ја праќаат во Турција и Сирија.

Природната катастрофа што ги погоди турскиот и сирискиот народ на почетокот на оваа недела покажа дека човештвото ги остава настрана сите разлики меѓу државите, народите и самите луѓе. Стотици граѓани од целата територија на РС Македонија се мобилизираа да соберат помош и да застанат покрај овие два народа во овие тешки и трагични моменти за нив. Облеката и сè друго ќе им помогне на тие луѓе.

Околу шаторите се поставени чанти, торби, куфери и кутии полни со облека и средства за хигиена, јоргани и ќебиња. Ако нешто некому му е вишок во плакарот, во исто време му е голема потреба на некој во погодените градови и села.

„Навистина многу тажно. Го доживеав земјотресот што го погоди Скопје. Знам како е. Тие луѓе, тие деца, како ги извлекуваат од урнатините. Тоа е трагедија“…

„Многу тажна ситуација. Во овие моменти со жалење и сочувство до турскиот и сирискиот народ. Решивме да помогнеме колку што можеме. Се надевам дека човечноста ќе триумфира меѓу луѓето. Срдечно сочувство“…

„Господ нека им е на помош бидејќи во оваа криза има многу проблеми“, велат граѓаните.

За само два дена се наполнија три камиони и се на пат кон местата погодени од земјотресите.

„Има многу луѓе кои нè прашуваат за храна, но не смееме да носиме храна преку граница. Постојат неколку компании кои се вклучени во прехранбениот сектор. До сега, од вчера во 10 часот наутро до 1 часот навечер бевме овде, наполнивме еден камион, во чаршијата и два камиона се спремни за полнење во центар“, рече Орхан Љуши, волонтер.

„Сакавме да се вратиме во Турција за да им помогнеме на нашите луѓе, но ја немавме таа можност, па решивме да помогнеме на овој начин. Многу сме му благодарни на вашиот народ, на нашиот народ. Имам пријателка и сè уште ја бараат и неа и нејзиното семејство. Многу сме тажни. Таму имам братучеди. Тие се надвор во овие мразови“, рече една студентка од Турција.

На сметката на Црвениот крст досега се собрани 10 милиони денари од донации. Од нив 3,3 милиони се собрани на бројот 143 400, а останатите 10 се донирани од фирми. Парични средства за Турција одвоија и многу општини.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button