Синдикатот за судиите: Креваат глас, само кога за нив се работи

„Гледаме хаос во целиот систем и во институциите, кога се во прашање нивните плати тогаш го креваат гласот, но кога се работи за платите на работниците молчат.
Иницијативата на Судскиот совет за уставноста за промена на коефициентите за нивните плати, Конфедерацијата на слободни синдикати ја нарекува срамен чин. Велат дека со законските измени на членовите на Судскиот совет само им е минимизирано зголемувањето на платата, додека со идното усогласување на просечната плата во земјава повторно ќе имаат зголемување но со понизок коефициент.
Денеска вработените во „Македонски шуми“ започнаа штрајк, зашто се уште не им се исплатени јануарските плати, а до 15 март, треба да ја добијат и февруарската.
Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека плати не се иплаќаат, а претпријатието пред неколку дена распишало тендер за набавка на нови службени автомобили.
Со пакетот од 6 одобрени закони, со кои се регулираат платите на функционерите, беше стопирано покачувањето на платите на избраните функционери зашто тие претходно добија покачуавње на платите од 78 проценти.
Аднан Ќаили