ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Синодот на МПЦ изрази благодарност до Вартолемеј и информира за продолжување на разговорите со СПЦ

Светиот Синод на Македонската Православна Црква- Охридска Архиепископија изрaзува најсрдечна благодарност на неговата Сесветост Вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј за патријаршискиот и синодален акт за канонско и евхаристичко единство на нашата ерархија, при што прифаќањето е со еклисиолошкото име со што се обезбедува вековниот црковен континуитет.

Истовремено ја известуваме јавноста дека продолжуваат разговорите со СПЦ до уредувањето на конечниот статус на нашата црква како и по препорака на Цариградската Патријаршија која во рамките на светоканонскиот чин и црковно предание треба да се уредат правните прашања меѓу двете цркви, соопштија од МПЦ-ОА.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button