МАКЕДОНИЈА

Власта го критикуваше штрајкот на СОНК, но сега го смени ставот

Договорот меѓу Синдикатот за образование и Владата за зголемување на платите за 15 отсто, претставниците на Владата го оценија како големо достигнување и израз на заложба за унапредување на статусот на наставниците.

Но, во првите денови од штрајкот, истите луѓе излегоа со критики кон нив, со закани и притисоци кои беа пријавени од самиот синдикат. Имаше дури и пишувања каде функционерите изјавија дека за да имаат високи плати треба да ги заслужат наставниците. Премиерот Димитар Ковачевски веднаш откако објави дека има договор напиша на ФБ дека:

„Договорот за вработените во образованието и зголемувањето на платите за дури 15% почнувајќи од септемвриската плата е историски… Апелираме до СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените услови и обврски“, рече Ковачевски.

Заслуги за постигнување на договорот доби и ДУИ. Од партијата на Али Ахмети велат дека

„ДУИ во услови на најголема економска и енергетска криза продолжува со политиките на зголемување на платите, со што преку отворен дијалог го цени трудот на работниците“, наведоа од ДУИ.

Но, што изјавуваа премиерот Димитар Ковачевски, СДСМ и ДУИ кога наставниците штрајкуваа затоа што владата не го почитуваше колективниот договор со наставниците и не се согласи да ги зголеми платите во образованието. Кога наставниците го одбија предлогот за зголемување на платите за 12 проценти, премиерот Димитар Ковачевски инаставниците и СОНК дека „не се борат за интересите на децата, туку за личните интереси“.

„Ова едноставно не може да се смета како разумен став, туку очигледен притисок, со кој евидентно е дека СОНК ги става личните интереси пред оние на децата“, пишуваше Ковачевски на фејсбук.

Исти ставови и обвинувања кон наставниците и СОНК имаше и од ДУИ.

„Демократската Унија за Интеграција смета дека со одбивањето на понудата од Владата, СОНК ги става личните интереси над интересите на учениците“, велеа од ДУИ.

Додека министерот за финансии Фатмир Бесими, кој е од редовите на ДУИ, во колумна напиша дека за наставниците да земаат повисоки плати треба да работат повеќе и да бидат поефикасни.

„Во економската теорија, секое зголемување на платите без зголемување на продуктивноста ќе предизвика притисоци кои во услови на инфлација може дополнително да ја поттикнат инфлацијата“, велеше Бесими.

Други експоненти на владејачките партии, исто така, постојано имаа објави на социјалните мрежи против наставниците кои ги обвинуваат за политизирање на штрајкот.
Наставниците и работниците во градинките штрајкуваа повеќе од две недели, барајќи зголемување на платите за 18 отсто и почитување на колективниот договор.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button