ВЕСТИКлиматски ПромениМАКЕДОНИЈА

Синоптичари: Јули ќе урива рекорди по високите температури

Синоптичари: Јули ќе урива рекорди по високите температури

Земјата е во портокалова фаза трет ден по ред а портокаловиот аларм ќе продолжи и за време на викендот.

Покрај жешките температури, деновиве ќе имаме и облачно небо поради ситните честички на Сахарската прашина кои од вчера се во нашата земја.

Според прогнозите, цело лето се очекува да биде многу топло и суво. Од Управата за хидрометеоролошки работи споделија податоци од анализите на европските и светските центри, кои предвидуваат повисоки температури во јули.
ВИЗАРТ: ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКИ ЗАВОД
„За територијата на Северна Македонија постои многу голема можност температурите да ги надминат просечните вредности. Надминувањето на просечните температури може да достигне до 3 степени Целзиусови на речиси целата територија. Најголемото позитивно отстапување на температурата на воздухот од повеќегодишниот просек за оваа сезона се очекува во јули“, велат од Хидрометеоролошки Завод.

Локалните синоптичари велат дека врз основа на глобалното затоплување, секој месец има нови рекорди во однос на претходните години.

Според истражувањето на секторот за метерологија во последните 20 години просечните температури постојано се зголемуваат, додека најекстремните температури во јуни се измерени во 2007 година, кога во Демир Капија термометарот покажал 43,1 степени Целзиусови, во Гевгелија 42,6, а во Скопје 41,4./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button