ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Синот на Талат Џафери и сопругата на Ислам Абази станаа обвинители во Гостивар и Кичево

Советот на јавни обвинители избра 18 јавни обвинители во 12 обвинителства низ државата. Меѓу нив е и синот на претседателот на Собранието, Талат Џафер. Барлет Џафери и официјално стана обвинител во Гостивар. Неговиот случај предизвика бројни реакции за начинот како се пријавил да полага правосуден испит без да ги поседува потребните документи. Тоа се докажа и низ постапка на Антикорупциската комисија. Но, тоа не ја спречи понатамошната постапка за него во Академијата за судии и во Советот на обвинители. Денеска обвинителка стана и сопругата на првиот човек на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази. Работното место на Албулена Абази ќе биде обвинителството во Кичево.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button