ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

СКАНДАЛ: Краделе лекови од пациенти со рак за да ги препродаваат

СКАНДАЛ: Краделе лекови од пациенти со рак за да ги препродаваат

Припадници на Министерството за внатрешни работи, по наредба на јавното обвинителство, извршија претреси во Клиниката за онкологија и во два приватни стана во Скопје. Се проверуваат наводи за бројни злоупотреби во работењето. Во текот на акцијата биле одземени компјутери и друга документација, кои ќе бидат предмет на понатамошна експертиза. Во денешното соопштение на Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи се вели дека се преземаат дејствија во предистражна постапка, поведена врз основа на пишувања во неделник во врска со работата на Клиниката. Проверките се вршат со цел да се обезбедат докази за криминал. Во однос на работата на оваа клиника, неделникот „Фокус“ пишуваше за бројни злоупотреби од страна на вработени, односно кражба на лекови за болните од рак кои птоа биле препродавани на странскиот пазар, скапи терапии кои се комбинираат со физиолошки супстанци. Се проверува и како настанал долгот на оваа клиника од 20 милиони евра. Во однос на можните злоупотреби во оваа клиника серија прилози имаше и Алсат кон крајот на минатата година. /Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button