ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Власта е позаинтересирана да го ограби народот, отколку да го интегрира во ЕУ“

„Власта е позаинтересирана да го ограби народот, отколку да го интегрира во ЕУ“

Кампањата на власта за евроинтеграциите е плагијат и не е кампања на Владата, туку на СДСМ, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според него, кампањата се плаќа со пари на граѓаните, а се емитува на веб-порталот на СДСМ.

Одговарајќи на обвинувањата на власта дека опозицијата го блокира евроинтегративниот пат на земјата преку блокирање на уставните промени, Мицковски рече дека Владата на СДСМ и ДУИ воопшто не се бори да ја внесе Македонија во ЕУ, туку само за свои интереси манипулирајќи и лажејќи ги граѓаните.

Мицкоски повтори дека уставни измени нема да има и нагласи дека доколку власта не сака да оди на предвремени избори, времето за одржување на редовните ќе дојде за неколку месеци подоцна, кога оваа влада ќе замине, а државата ќе се придвижи кон ЕУ. /Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button