
Претседателот на Милан, Паоло Скарони е сигурен дека не е далеку денот кога предлогот да се скрати Серија А од 20 на 18 екипи, ќе се случи, но и дека е неизбежно такво нешто.
Планот го прифатија Јувентус, Интер и Милан, но не и останатите 17 клуба. И покрај тоа, Скарони е категоричен дека мора да се случи такво нешто.
„Проблем е големиот број натпревари кои мораме да играме. Тој треба да се намали за доброто на играчите, за нивното здравје. Јас лично сметам дека неизбежно е да се намали лигата на 18 екипи. Не треба да се заборави дека најдобрите денови во Серија А беа кога таа броеше 18 члена“, потсетува Скарони.
Последен пат, италијанското првенство имаше 18 екипи во сезоната 2003/04. Потоа почна патот на Серија А која во моментов не е конкурентна на останатите најсилни европски шампионати.