ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Скијачката сезона на Попова Шапка виси на конец

Туристичката сезона на Попова Шапка може да пропадне. Иако беа направени соодветни подготовки за добра туристичка сезона, сепак недостигот на доволно снег за скијање ја направи оваа сезона најтешка во последните неколку децении. Синоќешните врнежи од снег дадоа малку надеж, но недоволно. Денеска не можеше да се скија.

Advertisements

„За жал, немавме доволно врнежи оваа сезона. И покрај тоа што синоќа имавме нови врнежи од 17 сантиметри и излеговме да ги подготвиме патеките, за жал немаме доволно снег за да ја отвориме туристичката сезона. Оваа туристичка сезона имаме сериозни загуби бидејќи пикот на сезоната ќе нè одмине и секои врнежи нема да го донесат тоа што го планиравме, така што помошта од државата е добредојдена“, вели Адем Авзиу, директор на Попова Шапка.

Со големи загуби годинава работат и угостителските капацитети. Над 80% од гостите ги откажале своите резервации. Единствени туристи се мештаните кои излегуваат на чист воздух.

„Работевме и работиме со домашни гости кои доаѓаат само за прошетка на чист воздух. Така што, во моментов е лошо“, рече Асим Асани- сопственик на хотел.

Скијачката сезона на Шапка требаше да почне на 15 декември, но недостигот на снег значи дека и јануари има изгледи да помине без скијање.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button