ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Скопјани возеле без возачка, казнети 14 лица

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 219 мерки, од кои 13 за возење без возачка дозвола, 10 мерки за непочитување на брзината, 8 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 8 санкции за поминување на затворен семафор (црвено светло), 4 за управување под дејство на алкохол, 14 мерки за користење на мобилен телефон, 8 за некористење на сигурносен појас и 88 мерки за непрописно паркирање.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button