ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Скопје блокирано, а Арсовска „тера политика“ за промените во Уставот

Приватните превозници ниту во текот на ноќта не ги тргнаа автобусите, а некои улици во главниот град и денеска останаа блокирани. За да го избегнат студот некои од возачите останале во еден од автобусите.

Advertisements

За да се стоплат, земале плинска боца. Ставиле чајниците за да подготват топол напиток.

Повелете, на здравје!

Тие беа подготвени да ѝ понудат чаша чај на градоначалничката Арсовска.

„Гостопримливи сме. Нека дојде и градоначалничката, ќе ѝ дадеме чај“, рекоа тие.

Приватните превозници велат дека без да се најде решение, нема да се тргнат.

„Спиевме овде синоќа. Во автобусот. Вака како што нè гледаш. Кој овде, кој во другиот, некој во кола. Се снајдовме. Многу е ладно, но ние сме тука. Имаме порака и апелираме да не мислите дека ќе се повлечеме оттука или дека ќе попуштиме. Децата ни останаа без леб, семејствата ни останаа без леб. Се обидуваме да ја одржиме куќата со некои мали резерви што ги имавме“, вели еден превозник.

Возачите велат дека им е жал за граѓаните кои страдаат од блокадите. Како што велат, ни тие самите не би сакале да останат на улица, но немаат друг избор.

„Ниту ние не сакаме да го правиме овој хаос што се случува во градот. Но, мораме, бидејќи немаме излез. Ги бараме нашите пари што ни припаѓаат. Но, немаме никаков одговор од градоначалничката. Да ни каже барем – чекајте, ќе се договориме“, вели еден превозник.

Во време кога сите очи се вперени кон градоначалничката, таа попладнево излезе со соопштение во кое немаше ниту збор како ќе се реши проблемот. Арсовска напиша дека јавниот градски превоз го организираат органите на локалната самоуправа, а не приватни бизнисмени, политички партии или други интересни групи. Најави дека утре ќе биде објавен јавен повик за избор на приватни превозници за линиите 20 и 22 и постави неколку прашања до ВМРО и СДСМ. Но, прашањата кога ќе се реши јазолот создаден меѓу приватните превозници и Градот Скопје и кога сообраќајот во главниот град ќе се нормализира, останаа без одговор.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button