МАКЕДОНИЈА

Скопје е нечисто поради некадарноста, криминогеноста и подлоста на Данела Арсовска – велат од ВМРО-ДПМНЕ

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, дека добива плата и провизии, додека Владата ѝ ги плаќа ратите за автобуси кои Арсовска не е способна да ги плаќа.

Advertisements

„Кадрите на Драги Митковски го водат градот, освен кога Арсовска не му е лута, и му ги разрешува, а нему му гори возилото, согласно омилениот метод на Арсовска за пироманство, а СДС ѝ гласа буџет во Советот, истиот тој со кој раководат кадри на Левица во неколку скопски институции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата сметаат дека Арсовска има лажно високо мислење за себе, а со таа реалност се соочила на последните избори кога поддршката што ја добила била на ниво на статистичка грешка.

Ја обвинија дека Скопје го претворила во депонија.

„Скопје е нечисто не поради некаква неизгласана програма, туку поради некадарноста, криминогеноста и подлоста на Данела Арсовска која добива поддршка од СДС, ДУИ и Левица. Додека Данела Арсовска менува директори секојдневно, а веруваме дека имињата ниту самата не ги памети, треба да се знае дека Градот Скопје го претвори во депонија затоа што фокусот не ѝ е чистотата, туку провизиите“, велат од партијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button