ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Скопје очекува Лисабон да го деблокира процесот на интеграција на земјава во ЕУ

Скопје ги поддржува надежите за деблокирање на преговорите, за членство во ЕУ со португалското претседателство. Иако шефот на дипломатијата, Бујар Османи, пред неколку дена најави дипломатска активност за решавање на билатералниот спор со Софија, денеска вицепремиерот Никола Димитров изјави дека оваа дипломатска активност всушност нема да ја преземе Скопје, туку Лисабон, претседавач со Унијата. Димитров рече дека ќе има средби, но дека не може да открие повеќе детали за нив.

Претседателот Стево Пендаровски рече дека заедничката посета на Рим од 26 до 27 мај со неговиот бугарски колега Румен Радев, не е насочена кон преговори за билатерален спор, туку на традиционалното одбележување на Денот на Свети Кирил и Методиј.

Пендаровски, исто така, рече дека додека трае интеграцијата на Македонија и на другите земји од регионот во ЕУ, а во меѓувреме кружат нон пејпери со опасни идеи за регионот, нормално е граѓаните на Западен Балкан да покажат интерес за други опции. Бугарската техничка влада изрази подготвеност да преговара, но не и да го менува својот став за условите кон Македонија.

Anesa Salihu

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button