ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Скопскиот муфтија: Министерството за култура да склучи договор со ИВЗ за Театарот

Исламската верска заедница го потврди враќањето на сопственоста врз Албанскиот театар за деца и млади во Скопје како вакаф. Постапката е завршена од мај, врз основа на процесот на денационализација. Скопскиот муфтија Ќенан Исмаили, вели дека интересот на институцијата што ја претставува е театарот да продолжи да работи таму. Но, отсега договорот за користење на објектот мора да се биде меѓу Министерството за култура и ИВЗ, односно Муфтиството. Исмаили вели дека театарот не е должен да се отсели и нема да се бара тоа. Договорот или отселувањето од имотот на ИВЗ зависи од волјата на Министерството и театарот.

„Не сме заинтересирани веднаш да ги отстраниме тие што вршат активности таму, без разлика кои се тие, но таа активност мора да биде во рамките на исламот. Наш интерес е театарот да функционира таму, барем додека не најдат театар што ги исполнува стандардите. Сакаме да го дадеме нашиот придонес бидејќи како ИВЗ секогаш сме го дале својот придонес во областа на културата и образованието и особено во овој случај покажуваме добра волја дека сме за култура, театар и сме за активности на децата и младите”, изјави Ќенан Исмаили, Скопски муфтија.

Исмаили додава дека не е нивно прашање дали министерката за култура, Ирена Стефоска ја известила директорката на театарот Дијана Тоска за враќањето на зградата во сопственост на ИВЗ или не. Министерството за култура е детално информирана за позициите на муфтиството.

„Не знаеме дали Министерството за култура го известиле театарот или не. Имавме состанок во Ријасетот каде разговаравме долго за начинот на соработка“, рече Ќенан Исмаили, Скопски муфтија.

Побаравме став од Министерството за култура за да дознаеме дали и кога бил известен Театарот за одлуката на ИВЗ, но досега не добивме конкретен одговор. Пред неколку дена, директорката на театарот преку телефон ни рече дека не била известена за таквата одлука. Од ДУИ велат дека сите страни вклучени во овој спор мора да најдат заедничко решение за да не ја попречуваат работата на театарот.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button