ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Скопскиот суд се прогласи за ненадлежен за обвинението против Рамиз Мерко

Основниот кривичен суд Скопје се прогласи за ненадлежен да постапува по однос на обвинителниот предлог кој Основното јавно обвинителство за гонење на оранизиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) го поднесе против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за злоупотреба на службената положба и овластување.

Предметот, како што посочуваат од скопскиот суд, ќе биде доставен до Основниот суд Струга со оглед на тоа што надлежноста да постапува е на судот на чие подрачје е извршено кривичното дело.

Обвинението против Мерко се однесува на кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 став 4 во врска став 1 од Кривичниот законик. Во врска со ова, од скопскиот кривичен суд велат:

„Согласно член 32 од Законот за судови, Специјализираното одделение (КОК) при Основниот кривичен суд Скопје е надлежно за кривичните дела: Злоупотреба на службена положба од чл. 353 ст.5, Примање поткуп од значителна вредност од чл. 357 и Противзаконито посредување од чл. 359 од КЗ, извршени од избран или именуван функционер, службено лице или одговорно лице во правно лице“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button