ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судскиот совет ги оспори пред Уставен измените на законите со кои се стопира растот на платите на судиите

Судскиот совет со иницијатива до Уставниот суд ги оспори одредбите од измените на два од шесте закони изгласани во Собранието минатата недела, а со кои се стопира растот на платите на избраните и именуваните функционери, категорија во која спаѓаат и судиите и членовите на Судскиот совет.

Иницијативата на Советот се однесува на измените на Законот за изменување на платите на судиите и на Законот за платите на членовите на Судскиот совет, соопштија денеска од Советот.

„Поаѓајќи од својата уставна положба и законски надлежности, Судскиот совет на Република Северна Македонија како самостоен и независен орган на судството и како орган кој е должен да ја обезбедува и да ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт поднесе иницијатива за оценување на уставноста и законитоста до Уставниот суд на Република Северна Македонија со која се оспоруваат одредбите од Законот за изменување на Законот за платите на судиите и Законот за изменување на Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button