ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Скринингот влегува во финиш, од уставните измени нема абер

Еден месец не дели од завршувањето на скринингот процесот на земјава, по кој се очекува Македонија и практично да започне да ги отвора преговарачките поглавја. Како што информираат домашните власти, но претходно и евроамбасадорот Дејвид Гир, скрининг фазата тече  во согласност со предвидената динамика.

Advertisements

„До крајот на скринингот остануваат уште три поглавја, односно поглавје 12 – Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, поглавје 30 – Надворешни односи и скринингот завршува со поглавје 31 – надворешна, безбедносна и одбранбена политика на 7 декември 2023 година“, велат од Секретаријатот за европски прашања.

Сепак, за земјава да започне да ги отвора преговарачките поглавја, со одржување на Втората меѓувладина конференција, неопходно е да се заврши процесот на уставните измени. Засега овој процес тапка во место, а според дел од експертите ова може да резултира со неизвесност во односите Скопје-Брисел.

„Статус-квото во контекст на усвојувањето на уставните измени, коишто ни се неопходниот чекор да се одржи Втората меѓувладина конференција и формално да се заврши тој процес на отворање на преговорите, ние секако ќе се најдеме во едно политичка неизвесност, ќе се најдеме во неизвесност дома и ќе се најдеме во една недефинирана состојба и со Европската Унија“, рече Симонида Кацарска – Институт за европски политики.

Симонида Кацарска од Институтот за европски политики нагласува дека покрај политички, ова статус-кво во пристапниот процес кон Европската Унија може да предизвика и економски импликации.

„Во однос на политичката стабилност на државата тоа секако не е добро и ќе има свое влијание и врз начинот на којшто потенцијални инвеститори не’ гледаат, за коишто е клучно да има одредена известност пристапниот процес“, додава Кацарска.

Иако засега, барем во јавноста, нема поместувања во ставовите на политичките партии во однос на поддршката за уставните измени, претставниците на власта изразија увереност дека процесот може да заврши до крајот на декември. Дополнително и претседателката на Европската Комисија, Урсула вон дер Лејен од Скопје кажа дека постои можност првиот преговарачки кластер со Македонија да се отвори во декември.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button