МАКЕДОНИЈА

Слаб интерес за студирање албански јазик, книжевност и преведување

Интересот за изучување на албанскиот јазик и литература, особено програмата за преведување и толкување постојано се намалува, велат од Катедрата за албански јазик на Филолошкиот факултет во Скопје. Игнорирањето на овие насоки е поврзано со заминување на младите во странство и зголемениот интерес за техничко-технолошките науки.

„Падот сега може да се објасни на различни начини бидејќи тоа е непишано правило. Голем дел од студентите се запишуваат на технолошки, информатички, дел на економски, па правни науки и така натаму. لعبة سباق خيول حقيقية Ни остана многу мал број за овие други насоки. Има проблеми и од друга природа, некои млади се иселуваат, некои сега може да се наречат и демографски проблеми“, рече Исмет Османи, шеф на Катедрата за албански јазик и книжевност.

Слободните места може да се пополнат во вториот уписен рок, на 15 и 16 септември. Во првиот рок се пријавиле само 12 студенти за книжевност, а само 1 ученик за преведување.

„Ја користам оваа прилика да ги повикам кандидатите, оние кои имаат завршено средно образование, да се пријават на оваа студиска програма, во групата за превод бидејќи имаат големи можности, тоа е исклучително атрактивна група. Во контакт сме со сите институции во државата и имаат потреба од преведувачи. ربح المال Добро е што годинава и Министерството за образование додели стипендии за оваа студиска група“, додаде Османи.

Во насоката албански јазик и литература предвидени се 50 слободни места, а во групата за преведување слободни се 30. تعلم اسرار الروليت

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button