МАКЕДОНИЈА

Славески: Нема доволно потписи за вонредна седница на Советот на Град Скопје

Претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески апелира на соодветна државна реакција и имплементација на координирана акција на сет од мерки за намалување на загаденоста на воздухот во главниот град. Славески во писмената реакција до јавноста исто така информира дека нема собрано доволен број потписи за свикување вонредна седница на Советот на Град Скопје.

Advertisements

Славески во реакцијата до јавноста информира дека во однос на барањето на советниците на СДСМ за свикување на вонредна седница на која ќе се дискутира за препораки во борбата против загадениот воздух во текот на денешниот ден од Кабинетот на градоначалникот добил писмен одговор и мислење за предложените препораки и се изразува уверување дека градот Скопје веќе превзема голем дел на среднорочни и долгорочни мерки во борбата против загадениот воздух.

Претседателот на Советот исто така наведува дека не е собран потребниот број на советнички потписи за свикување на вонредна седница пропишан со Деловникот на Град Скопје и нема услови за нејзино свикување.

-Како прв меѓу еднаквите во Советот апелирам да се воздржат партиите од правење на политика и терање на популизам на една ваква чуствителна тема која ги засега сите граѓани на главниот град, посочува Славески во реакцијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button