ЕКОНОМИЈА

Следуваат и повисоки царини за овошјето и зеленчукот

Со укинувањето на гарантираните цени, од 1 март повеќе не важат ни двете одлуки за намалување на царинските тарифи за 10 отсто за земјоделските производи увезени од странство. Тоа значи дека новите залихи на домати, краставици, пиперки, марули, кромид, морков, брокула, модри патлиџани, праз, карфиол и тиквички ќе се плаќаат за 10% повеќе од претходната царина. Тоа директно ќе влијае на поскапување на зелените пазари. Дури и заменик-министерот за земјоделство Цветан Трипуновски рече дека домашниот пазар сè повеќе станува зависен од поскапата увозна стока бидејќи државата не води сметка за домашните производители.

Advertisements

Дел од цените се сè уште непроменети, бидејќи набавките биле направени во текот на февруари кога важеа мерките. Но, како ќе се трошат од магацините, така ќе доаѓаат и нови цени. Во меѓувреме, маркетите ги вратија и понудите, но цените се корегирани.

Во меѓувреме кај малите маркети ситуацијата со цените на прехранбените производи е поинаква, малку се поместија, но оние кои не издаваат фискални повеќе манипулираат со граѓаните, односно ги менуваат цените како што им одговара. Има дуќани кои сè уште запишуваат во тетратки за долгови.

Владините мерки за гарантирани цени беа во сила од септември. Но, меѓу земјите-членки на ЦЕФТА, како што се С Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Молдавија, сè уште нема царини за земјоделските производи. Овошје и зеленчук кај нас најмногу се увезуваат од Турција, Грција и Бугарија.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button