ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Ќе се носат законски измени за платите во државните универзитети

Собранието ќе процесира закон за усогласување на покачувањето на платите на вработените во петте државни универзитети. Станува збор за „Свети Климент Охридски“ во Битола, Универзитетот во Тетово, „Свети Апостол Павле“ и „Мајка Тереза“. За ваквата одлука информираше претседателот на Парламентот, Јован Митрески, кој се повика на заедничка одлука на средбата со пратеничките групи денеска, но од ДУИ тврдат дека тие се предлагачи на законските измени.

„Утрово поднесовме предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за високо образование со кој ќе имаме унифицирање на платите на национално ниво на сите јавни универзитети. Она што треба да го појасниме е дека врз основа на член 8а од Изборниот законик, претседателот на Собранието и да сака, во оваа фаза, нема да може да склучи колективен договор бидејќи се распишани изборите“, рече Арбер Адеми – ДУИ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button