ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Над 30% од децата на возраст од 6 до 9 години имаат вишок килограми

Над 30% од децата на возраст од 6 до 9 години имаат вишок килограми

Кај нас преку 30 отсто од децата на возраст од 6 до 9 години имаат прекумерна тежина, додека 13,8 отсто од нив се екстремно дебели. Ова го покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје објавени на Светскиот ден на обезитетот. Над 28,4 отсто од возрасните во С Македонија се обезни или околу 13% повеќе во споредба со 1990 година.

„Во РСМ обезитетот кај возрасните е зголемен за 13,6 проценти, додека кај децата и тинејџерите за 7,4 проценти во споредба со 1990 година. Обезитетот е почест кај мажите. Повеќето деца со прекумерна тежина живеат во урбани средини. Високо преработената и калорична храна е важен фактор кој придонесува за развој и зголемување на телесната тежина кај децата“,  велат од Институт за јавно здравје.

Лекарите сметаат дека кај нас свеста кај населението во однос на дебелината е сè уште ниска. Велат дека кон појавата треба да се гледа како кон хронична болест која директно или индиректно е поврзана со 200 други болести.

„Од доказите за регистрација од „Мој термин“ произлегува дека само 14 илјади лица се регистрирани со дијагноза обезитет, поточно бројот Е66, додека проекциите велат дека некаде околу 30 отсто од населението, но и кај нас се обезни, па некаде десет пати повеќе отколку што се регистрирани…“, рече Ирфан Ахмети, Ендокринолог.

Една најнова глобална студија покажува дека во 2022 година во светот имало повеќе од 1 милијарда дебели луѓе. Во последните 30 години обезитетот е повеќе од двојно зголемен кај возрасните, а четирикратно кај децата и тинејџерите./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button