ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Расте бројот на заболени со голема кашлица, утре состанок на КЗБ

Расте бројот на заболени со голема кашлица, утре состанок на КЗБ

На 120 се искачи бројот на заболени со голема кашлица во Скопје. Според податоците на Центарот за јавно здравје, станува збор за периодот од почетокот на годината до 1 март. Комисијата за заразни болести утре ќе одржи состанок на кој ќе се разговара за состојбата и за можните дополнителни мерки.

„На утрешниот состанок на КЗБ треба да се дебатира за водичот подготвен од Јавната здравствена установа за следење на случаите со голема кашлица пертусис и дали треба да се преземат дополнителни мерки во однос на епидемијата прогласена на ниво на главен град“, рече Фадил Цана, Инфектолог.

Цана сепак, не очекува нови мерки кои директно ќе ги засегаат граѓаните.„Ништо не се очекува бидејќи по средбите, изјавите кои беа и јавни од страна на КЗБ, преземени се мерки и според моите информации, вакцинацијата и понатаму се врши во две смени. Имаме позитивен одговор од родителите кога зборуваме за редовната вакцинација“, нагласи Фадил Цана, Инфектолог.

Лекарите апалираат да се почитува календарот за имунизација за сите деца./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button