ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Меѓународна потерница за Групата од Грчец

Меѓународна потерница за Групата од Грчец

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница за Шевал Муареми и други членови на таканаречената „Група од Грчец“. Тие се осомничени за формирање криминална група, вмешаност во убиство и трговија со дрога.

Потерницата доаѓа по полициската акција која беше спроведена на крајот на јануари во која беа уапсени шест лица. Обвинителството за гонење на организиран криминал најави дека утре ќе поднесе барање до Министерството за правда за екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати на Муареми и на уште едно лице. Се верува дека Муареми е во Дубаи од каде објавува фотографии на социјалните мрежи.

Групата од Грчец предводена од Муареми и двајцата убиени од Дуканџик, Орхан Бајрами-Оки и Јетон Кривањева, според информациите објавени во јануари годинава од страна на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се обвинети за обид за убиство, убиство на албански државјанин и двојно убиство во Топанско поле во Скопје.

Шеваљ Муареми често се гледа и во друштво на политичари.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button