ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Вреди“: ДУИ ја понижи албанската интелектуална елита

„Вреди“: ДУИ ја понижи албанската интелектуална елита

Обединетата албанска опозиција ја обвинува ДУИ за состојбите во високото образование. Според коалицијата Вреди, албанската интелектуална елита е на улица, а ДУИ се обидува да ги понижи.

„Денеска професорите од албанските универзитети излегоа на протест откако се почувствуваа понижени наспроти професорите на Универзитетот „Кирил и Методиј“ и тоа од раката на ДУИ, техничкиот премиер Талат Џафери и Јетон Шаќири. ДУИ ги зголеми платите на професорите Македонци, но тоа не го направи за професорите Албанци. ДУИ не ги понижува олигарсите од казината, туку професорите и интелектуалците на нацијата кои е во состојба да ги прегази со чизмите на власта“, се вели во реакцијата на албанската опозиција.

„За иронијата да биде уште поголема – се додава понатаму во нивното соопштение – поранешниот министер за образование и наука, Арбер Адеми, кој ја дозволи оваа дискриминација и не ја смени речиси две години, сега излегува и се продава како спасител од дискриминацијата. Координаторот на пратеничката група нема намера да ја реши оваа дискриминација, туку едноставно да ја стави во бирократските ходници на Парламентот за да добие време и да го остави проблемот за по парламентарните избори“, стои во реакцијата на албанската опозиција.

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button