Случај „Алмир“, Кумановскиот суд го одложи затворот за Бобан Илиќ

Основниот суд Куманово ја одложи за три месеци ефективната затворска казна за осудениот Бобан Илиќ, кој со автомобил смртно го прегази 4-годишниот Алмир. Судската одлука е донесена на барање на адвокатот на семејството Илиќ. Обвинителството во Куманово поднесе жалба против оваа одлука, барајќи осудениот во случајот „Алмир“ да биде испратен зад решетки од денес, 1 март, во затворот К’шање во Куманово.
Бобан Илиќ ќе издржи ефективна затворска казна помала од 3 години затоа што му е одреден притвор и куќен притвор. Основниот суд нему му изрече затворска казна во траење од 6 години, но Апелација ја намали на 4 години. Тој ќе ја издржува казната во полуотворен затвор, каде казните ќе ги издржуваат и членовите на семејството на Алмир. Исто така, денес, според барањето на обвинителството, Седат Алиу мора да се појави во истиот затвор за да одлежи 6 месеци, како и Сами Демири и Абдула Алиу во траење од 9 месеци, осудени за насилство.