Случај Алсат, Османи: Институционална слабост
Министерот за надворешни работи Бујар Османи признава дека институционалните пропусти и слабости го довеле под знак прашање правото на сопственост, спор во кој е вовлечена и телевизијата Алсат и компанијата ВеВе Груп. Османи признава дека ваквите проблеми можеби се една од причините зошто земјата не е подготвена за ЕУ.
“Секако дека има недостатоци и слабости во ова општество. Никогаш не велиме дека денес сме подготвени да бидеме дел од ЕУ, а тоа е токму поради овие пропусти што ги нагласувате за имотот“, изјави Бујар Османи, министер за надворешни работи
Алсат ова прашање го покрена и пред други органи на централната власт, но до денес нема конкретни реакции. Молк во Министерството за финансии со чија согласност е овозможена јавна продажба на имотот, одлука која Граѓанскиот суд ја отфрли, но со одлука на Апелациониот суд е вратена на сила.
Синоќа во емисијата “360 степени“ беше детално испитано како е оспорено имотното право поради неинституционална транспарентност, а се очекува во битката за најголемата национална телевизија на албански јазик да се вклучат и други национални медиуми.
Алсат својата загриженост ја пренесе и на дипломатските претставништва во земјава истакнувајќи го притисок врз работата на медиумите, оспорувањето на правото на сопственост а беа искажани и сомнежи дека судската одлука за укинување на привремената мерка е донесена како резултат на политички влијанија. /Алсат.мк
Адријан Ќерими
.