ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Случај „Двојник“ – осудени и последните тројца од аферата со пасошите

Заврши судењето за издавањето лажни пасоши. Судот ги осуди преостанатите обвинети кои не признаа вина и ја докажуваа невиност во судкса постапка. Фарук Буки доби три години затвор, додека Весна Колевска и Бранислава Шпишиќ добија по една година условна казна. Тројцата се службеници во МВР.

„Креирањето на барањето за издавање патни исправи се вршело без однапред закажан термин во системот. Материјалните докази јасно докажуваат на отсуството токму на досиеата на лицата кои се корисници на патните исправи кои се предмет на оваа постапка, додека сите останати досиеа за сите лица постојат во архивата на службата“, рече судијката Оља Ристова.

Судот низ презентирањето докази утврдил дека пасошите, главно на лица од подземјето им биле издавани експресно.

„Од моментот на приемот на барањето, за шест минути, за 11 минути, за 26 минути што е практично невозможно и истото беше потврдено дека и во најбрзата законски утврдена постапка, патната исправа може да биде издадена за 24 часа“, рече судијката Ристова.

За изработката на лажни пасоши беа обвинети 11 лица. Осум претходно признаа вина. Според истражните органи, биле издадени 214 лажни патни исправи – главно на криминалци кои се бараат со меѓународни потерници. Биле користени идентите на македонски државјани кои никогаш не аплицирале за биометриска исправа. Пасошите биле изработени од јуни 2017 – та до крајот на 2020 – та година, а според информациите на полицијата еден лажен пасош, криминалците го купувале и за 20 илјади евра.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button