МАКЕДОНИЈА

Здравство апелира: Само со вакцинација може да се спречи делта сојот на ковид-19

Сите заразени од делта сојот во земјава се граѓани кои не се вакцинирани, велат од Министерството за здравство, и апелираат граѓаните да се вакцинираат

Во болниците низ Северна Македонија, во моментов, лежат вкупно 16 пациенти поради компликации од ковид-19. Само четворица од тие пациенти се и на кислородна поддршка. Така велат од Министерството за здравство, но не за да се пофалат туку за да апелираат дека состојбата може брзо да се смени на полошо.

„Иако здравствениот систем е подготвен во случај на влошување на ситуацијата, искрено се надеваме и посакуваме до тоа да не дојде. Единствен начин на превенција да не се соочиме со нов силен бран и ширење на опасниот делта сој е што помасовна имунизација“, велат од Министерството за здравство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button