Случај Феникс; Двајца осомничени во куќен притвор, четворица во притвор

Поранешниот градоначалник на општина Центар, Владимир Тодоровиќ заврши во домашен притвор, исто како и лицето со иницијали Т.Д додека 30-дневен притвор се изречени за уште четири лица, меѓу кои е и поранешниот прв човек на Советот на општина Центар, Владимир Здравев. Ваквата одлука дојде по истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција против 15 физички и седум правни лица под сомнение за злоупотреба на службената положба и перење пари во проектот „Скопје 2014“.
„Судијата на претходна постапка по сослушувањето на осомничените кои беа изведени во судот, во присуство на нивните бранители, во врска со предлогот за определување на претходна мерка, донесе решение со кое на В.Т. и Т.Д. им одреди куќен притвор, додека на лицата Љ.Б., В.З., А.З. и З.П. им одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Против овие решенија страните имаат право на жалба до Кривичниот совет“, наведуваат од Кривичниот суд.
По излегувањето од судот, Тодоровиќ кусо изјави дека не се чувствува виновен. Истрагата за проектот спроведен во времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт предизвика политички судири. СДСМ побара оставка од Мицкоски.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека заложбите на власта за прикривање на актуелниот криминал се дволични.
„Јавноста од СДСМ и Ковачевски очекуваше став за криминалот на актуелната власт, за црната листа во која се најде нивниот коалициски партнер Мерко, како се купува трговски центар без ниту еден денар, каде е Ден Дончев со чантата во која ставаше куп пари, како роднините на функционерите стануваат сопственици на електроенергетски компании, стануваат милионери или добиваат земја, деловни објекти и хотели по ниски цени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Истрагата за случајот „Феникс“ се однесува на 11 споменици од проектот „Скопје 2014“. Станува збор за спомениците: „Воинот на коњ“, лавовите – архаични и класични, спомениците на „Даме Груев“, „Гоце Делчев“, „Никола Карев“, „Методија Андонов – Ченто“, „Цар Самоил“, „Гемиџиите“ , „Јустинијан“, „Прво заседание на АСНОМ“ и „Основачи на ТМРО“. Оосмничени во овој случај се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер и министер за финансии во неговата Влада Зоран Ставрески, поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, двајца поранешни – градоначалниците на општина Центар – Владимир Тодоровиќ и Виолета Аларова и поранешниот претседател на Советот на општина Центар, Владимир Здравев. Меѓу осомничените има и италијански државјанин и три италијански фирми.
Мефаил Исмаили