ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Случај „Меѓународен сојуз“ – 9 години затвор за Боки-13, Ременски ослободена

Основниот суд во Скопје му изрече затворска казна во траење од 9 години на Бојан Јовановски, за случајот „Меѓународен сојуз“.

Advertisements

Фросина Ременски се ослободува од обвинението поради немање докази дека го сторила делото.

Кристина Блажевска – затвор во траење од 1 година
Миле Јовановски – условна осуда
Јасна Ерцеговиќ – 4 години затворска казна.

Според обвинителниот акт, во периодот од 8 јули 2017 година до 13 април 2018 година првообвинетиот, како претседател на обвинетата невладина организација Меѓународен сојуз ги довел во заблуда и измамил двајцата бизнисмени Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски со проекти за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилни сервиси и дале речиси еден милион евра – Мицевски сума од 700 илјади луѓе, а Амзоски 200 илјади евра.

Според обвинението Јовановски лажно прикажувал дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис, како и субвенции од страна на државата и оштетените вака доведени во заблуда на штета на својот имот му исплатиле преку Македонска авторска агенција износи кои надминуваат значителна вредност, и тоа 719 905 евра, односно 233 821 евра во денарска противвредност.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button