ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Случај „ТНТ“, се бара затвор за Груевски, Јанакиески…

Случајот ТНТ за уривањето на станбениот комплекс Космос, денеска влезе во завршна фаза. Обвинителот Бурим Рустеми во завршниот збор побара затворски казни за сите обвинети, меѓу кои за Никола Груевски, екс-министерот за транспорт Миле Јанакиески, како и за поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски.

За Јанакиески е повлечено дел од обвинението кое се однесува за набавката на експлозивите со кои беше миниран дел од комплексот во 2011 година. Во моментов во судот завршен збор дава одбраната. Адвокатот Мехмед Сефери кој по службена должност го брани Груевски побара ослободителна пресуда, бидејќи според него, тој не сторил никакво кривично дело. И одбраната на Јанакиески побара ослободителна пресуда.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button