ВЕСТИСВЕТ

Смртниот биланс од поплавите во Шпанија се искачи на најмалку 95 лица, прогласена е тридневна национална жалост

Билансот на загинати во поплавите предизвикани од поројните дождови што ја зафатија источна, централна и јужна Шпанија се искачи на најмалку 95 лица, јавуваат светските медиуми.

Advertisements

Поплавите, како што оценува „Гардијан“, се едни од најсмртоносните што ја погодиле земјата во последните три децении. Силните дождови во погодените региони донесоа порои вода која се прелеа низ улиците во повеќе градови и села, поради што голем број луѓе останаа заробени во своите домови, а има и големи оштетувања на патната и железничката инфраструктура.

Додека спасувачките екипи и натаму трагаат по десетици лица кои се водат како исчезнати, надлежните упатиле повик до возачите да не излегуваат на патиштата и луѓето да се држат подалеку од надојдените реки бидејќи лошите временски услови продолжуваат, а бројот на загинати може дополнително да се зголеми.

Коорднинативниот центар за итни случаи на властите во Валенсија соопшти дека до денеска попладне бројот на смртни случаи во регионот изнесува 92, додека претставници на властите во соседниот регион Кастиља Ла Манча пријавиле уште две загинати лица, меѓу кои и 88-годишна жена во градот Куенка. Уште еден смртен случај бил пријавен во провинцијата Малага во Андалузија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button