ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Завршува есенската потрошувачка кошница, Владата најавува дека ќе реагира ако повторно се зголемат цените

Завршува мерката за ограничување на профитната маржа на дел од основните прехранбени производи што беа опфатени со есенската потрошувачка кошница. Одлуката ја донесе Владата во втората половина на септември, а со неа беа опфатени 73 основни прехранбени производи на кои бруто профитната маржа им беше ограничена на 10 проценти во трговијата на големо и мало.

Владата најавува дека жестоко ќе се спротистави доколку повторно се зголемат цените. По министерот за економија, и премиерот Христијан Мицкоски завчера најави дека ќе ги искористат сите алатки што им стојат на располагање со цел да се заштити стандардот на граѓаните.

– Очекувам заедно со коморите, трговците и со производителите да не дојде до дивеење. Ако дојде до тоа, жестоко ќе реагираме и ќе го браниме стандардот на граѓаните со се што имаме како алатка на располагање, изјави Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button