Снегот блокираше села во општина Студеничани

Снежните врнежи целосно ги блокираа селата Црни Врв и Елово во општина Стуеничан. Жителите со денови се заробени. Училиштата останаа затворени, а учениците не го започнаа второто полугодие.
Снег има, времето е лошо, патиштата блокирани, не се исчистени. Селата Елово и Црни Врв, двете села сме горе… Ниту училиштето не почна бидејќи патот е блокиран од каде да се почне… Нема помош, само имамот кога ќе дојде во петок ни носи нешто ако ни затреба, ако дојде – дојде, ако не, здравје, тоа што го имаме нема друго, рече Ружди Бафтијари, од с. Црни Врв
За разлика од жителите, првиот човек на општина Студеничани, Азем Садику вели дека патиштата не се целосно блокирани.
„Нема блокирани патишта, патот е прооден, но делот од село Елово до село Црни Врв понекаде уште има уште големи мразови, па со возила со летни гуми е малку тешко да се стигне. Најголем дел од граѓаните на Црни врв се подготвени со автомобили со џипови и постојано се движат, но ќе ангажираме механизација и ќе ги исчистиме патиштата и таму“, рече Азем Садику, градоначалник на Студеничани
Од Центарот за управување со кризи информираат дека блокирани патишта има и кон селата на некои други општини како во регионот на Куманово и Липково, селата кон Попова Шапка, како и во регионот на Гостивар кон Кичево и Маврово – Ростуше.
„Сè уште има активни постојки на планинските патишта Стража и Пресека за тешки возила, потоа на патните правци Маврово – Дибра и Струга – Ќафетана“, рече Илија Бојаровски, од ЦУК
Од Центарот за управување со кризи велат дека опасен за возење е автопатот кон Свети Николе каде на 10 километри пред Миладиновци патот е стеснет во должина од околу 150 метри каде има одрони./Алсат.мк
Мефаил Исмаили