ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

„Со 500 денари отидов да купам брашно и не стигнаа“

“Со 500 денари отидов да купам брашно и не стигнаа“

„500, 600 денари е зголемувањето на пензиите. Каде ги потроши тие 500 денари? Со 500 денари отидов да купам брашно и не стигнаа“, рече еден пензионер.

Вака одговора еден разочаран пензионер, кој штотуку ја зел пензијата. Со 5,3 отсто зголемување на пензиите, овој пензионер вели дека пензијата му е зголемена за 500 денари.

„Требаше да има линеарно зголемување, тоа да, со 500-600 денари не е зголемување на пензијата,се сака само да се добијат поени“, ијави друг пензионер.

Друг пензионер вели дека земал 1.000 денари повеќе пензија.

„Да се набави повеќе мебел за дома или нешто друго не доаѓа во обѕир, само за храна овие, бидејќи знаеме дека има поскапување, скапо е за мене а и за тебе, ти си премиер а го купуваш по иста цена како мене, но јас со 20 илјади денари а тој со 3 илјади евра. Има неправди со пензионерите“, нагласи еден пензионер.

Вчера ми се зголеми пензијата. Добив уште илјада. На што може да потрошите 1000 денари? Со1000 денари до пазар, купувам две работи и толку. Ги потрошивте или не? Не не. Прво плаќање на сметките, а потоа останатото“, додаде друг пензионер.

Пензионерите бараат линеарно зголемување на пензиите. Министерството за труд го одби ова барање со образложение дека е доведена во прашање стабилноста на пензискиот систем. Пензиите се зголемени за 5,3 отсто./Алсат.мк

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button