ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Полицијата сѐ уште трага по напаѓачот на градоначалникот во Арачиново

По повеќе од 24 часа од вооружениот напад во Aрачиново, полицијата сѐ уште не го идентификува сторителот. Лицето кое пукаше кон градоначалникот на општината Ридван Ибрахими и повреди уште две лица и понатаму е недостижно за надлежните, иако според информациите на Алсат ова лице и е познато на полицијата, и против него има распишано  потерница за убиство.

Од Основното јавно обвинителство велат дека откако извршиле увид на местото на настанот, издадена е наредба за вештачење на трагите, обезбедување на снимки од безбедносни камери и други дејствија.

Во меѓувреме состојбата на повредените е стабилна. 21-годишниот кој беше тешко повреден е надвор од животна опасност.

„Пациентот се опоравува, ноќта ја помина во стабилна состојба, од утрото се ослободува од респиратор, што значи дека се очекува во текот на денот да премине на спонтано дишење. Тоа само по себе значи дека виталните параметри на пациентот се нормализираат и тоа нè уверува дека закрепнувањето ќе биде побрзо. Во моментов не очекуваме никакви  компликации, нормално се уште има простор за интензивна нега и внимателност, се надеваме дека се ќе биде добро“, рече Неџати Јакупи, директор на торакална клиника.

Вооружениот напад врз првиот човек на Арачиново, Ридван Ибрахими се случи вчера додека тој ги надгледувал грдаежните работи селото. Напаѓаќот го запрел своето возило и со автоматска пушка калашников пукал кон Ибрахими. При овој напад повредени се возачот на градоначалникот и вработен во општината.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button