ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Со 76 проценти вакцинирани вработени, состојбата во градинките е стабилна

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, оценува дека ситуацијата во градинките во земјата останува стабилна кога станува збор за пандемијата „Ковид 19“. Минатата недела на државно ниво, пријавени се 9 нови случаи меѓу децата и 20 вработени во градинките со корона вирус.

Таа рече дека во моментов нема потреба да се зголемува бројот на деца во групи, бидејќи предвидениот број на слободни места од над 28 илјади не е исполнет.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, во периодот од 27 септември до 3 октомври, најмал број на заразени со коронавирус е забележана на возраст од 0 до 9 години, односно 86 заразени или 3,2%.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button