ЕКОНОМИЈА

Со А1 Комбо за прв пат и осигурување на домот

Oд денеска сите А1 корисници на А1 Combo пакетот можат да го осигураат својот дом со комбинирано осигурување на домот и опремата за електронски комуникациски услуги, обезбедена од осигурителната компанија Триглав. Месечниот надомест за осигурувањето изнесува само 199 денари и ќе биде вклучен во сметката за користење на услугите од А1. Пакетот обезбедува покритие за станбениот објект и покуќнината, како и за готовина, хартии од вредност, скапоцености, документи и друго. Притоа, штити од пожар, излевање на вода од инсталации и други опасности во домот, од провална кражба и разбојништво, како и одговорност кон трети лица, односно штети предизвикани кај соседите.

„Со потпишување на договор за фиксните сервиси преку А1 Комбо корисниците добиваат можност за комплетно осигурување на нивниот дом од најдобриот осигурителен партнер и компанија во Македонија тоа е Триглав”, рече Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button