ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Топланата Скопје-Север не испорачува греење

Од петокот топланата Скопје Север не испорачува парно греење за своите корисници. Информациите до кои дојде Алсат се дека природен гас за производство на топлинска енергија повеќе нема, а мазут не смеат да користат. Раководството на топланата веќе цел месец не одговара на пораките и телефонските повици на Алсат, а ги игнорира и граѓаните .

Еден од главните проблеми на корисниците на централното греење на топлната Скопје Север е што домаќинствата самите инвестирале во купување и монтирање на радијатори и останата инфраструктира. Сега тие се проморани самите повторно да купуваат други грејни тела за да ги затоплат своите домови.

Граѓаните кои ги затекнавме пред топланата Скопје Север велат дека редовно ги плаќаат сметките, но ова им се случува секоја грејна сезона. Се жалат дека секој викенд се оставени на милост и немилост.

„Парно користам, плаќам редовно, и минатата година и оваа и секоја претходно исти проблеми имаме. Еве сега дојдов да прашам и тие не знаат. Чаре сега да протестираме, сите од општина Чаир и да протестираме“, реагира еден граѓанин.

Без парно греење денеска останаа и децата од градинките во Бутел и Чаир, неколку основни и средни училишта, како и здравствени установи. Дел од нив децата ги испратија дома, а дел работеа со скратени часови.

„Ние денеска имаме патронатен празник на училиштето. Тоа што е важно е дека немаме никакви долгови кон топлана Скопје Север, а парно греење немаме. Не знаеме како од утре ќе се одвива наставата“, наведуваат од ОУ „Исмаил Ќемали“.

Коренот на проблемот е што директорот на топланата Скопје Север, Куштрим Рамадани бара неповратни средства од ЕСМ за набавка на гас и одбива да потпише договор дека парите ќе ги врати. Околу 500 домаќинства и 15 јавни објекти се приклучени на топлната Скопје- Север. Инаку пред неколку дена новинарка од порталот МКД.мк обвини дека директорот на оваа топлана Куштрим Рамадани наместо одговори за состојбите со топланата со погрдни зборови и пцовки телефонски ја навредувал и напаѓал дека напишала невистини. ЗНМ и останатите новинарски здруженија го осудија однесувањето на директорот Рамадани и побараа веднаш да си поднесе оставка.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button