ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Со денови преведуваат 7 (седум) страници извештај за пожарот во Тетово!

Збор по збор. Вака се одвива темпото на преводот од германски на македонски јазик на извештајот од Бундескриминалот за тоа како избувна пожарот во ковид модуларната болница во Тетово.

Обвинителството очекува стручен превод од седумте страници кои ги напишале германските екперти. А, нивните наводи за трагедијата ноќта на 8 септември кога животот го загубија 14 лица, прв во земајва ќе ги дознае судскиот преведувач кој работи на извештајот. Станува збор за лиценциран судски преведувач од германски на македонски јазик, а во државава ги има повеќе од 400.

Од обвинителството, засега нема никакви детали освен дека извештајот се преведува, кој ќе трае неколку дена поради сложената содржина во која има форензички речник.

По преведувањето на извештајот, потоа петте обвинители кои работат на предистрагата за избувнувањето на пожарот, ќе го анализираат текстот. Дали ќе се отвори истражна постапка и во која насока ќе се дивижи таа, сè зависи од тоа што навеле германските експерти. Нивниот извештај можат да отворат нови насоки за истраги.

Досега е познато дека пожарот во болницата можеби настанал од прегреан продолжен кабел. Ова го откри крим – техниката на МВР.

За пожарот се сослушани десетина сведоци. Меѓу нив и вработени во болницата, но и во Министерствата за здравство и за труд и социјала, како и лица вклучени во изградбата на болницата. Пожарот изби вечерта на 8 септември лани. Во него загинаа 14 лица, а 12 од нив беа хоспитализирани пациенти со ковид.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button