ВЕСТИЗДРАВСТВО

Повеќевалентна вакцина против ГРИП, наместо четврта доза против КОРОНА

Наместо да се прима четвртата доза против корона вирусот, создадете повеќевалентна комбинација на вакцина за сезонски грип која би била ефикасна против сите варијанти на корона вирусите Сарс-Ков-2 и ќе се применува на почетокот на сезонските вируси. Ова е идејата на Европската агенција за лекови за да се стави крај на пандемијата. Од друга страна, според нив, дополнителните дози наречени „бустер“ може да ја направат вакцината против КОВИД помалку ефикасна.

Според имунолозите од Европската агенција, четвртата доза не само што ќе ги натера граѓаните да се чувствуваат уморни, туку може да има и последици по имунолошкиот систем. Марко Кавалери од оваа агенција препорачува населението да се вакцинира со примарните дози за да се постигне колективен имунитет.

„Ставањето бустер дози во краток период, односно четвртата доза може да ги намали ани-телата во крвта бидејќи на имунолошкиот систем му треба одредено време да реагира. Ова ја потврдува важноста за вас граѓаните да ја завршите својата примарна вакцинација со една од вакцините овластени од ЕУ и оние кои се подобни да примат засилена вакцина како трета доза, да го сторат тоа сега. Потребни се повеќе податоци за ефективноста на одобрените вакцини за омикрон. Епидемиолошката еволуција на сегашниот бран ја одредува итноста за адаптивна вакцина со различен состав“, рече Марко Кавалиери, Европска агенција за лекови.

Додека развиените земји се обидуваат да најдат долгорочно решение за ставање крај на пандемијата, кај нас сè уште нема доволно интерес ниту за првата и втората доза. Според епидемиолозите, тоа врши притисок врз капацитетот на болниците. Од Министерството за здравство само велат дека се свесни за ваквата состојба.

„Постојано се следи епидемиолошката состојба и според неа се носат нови одлуки и препораки од надлежни лица, за што јавноста ќе биде навреме информирана веднаш штом ќе бидат донесени тие одлуки“, велат од Министерството за здравство.

Бугарија, Германија и Финска ја вклучија С. Македонија во листата на земји со висок ризик од инфекција. При влез во овие земји покрај потврдата за вакцинација, потребен е негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. Брзото ширење на омикрон, каде кај нас за само 24 часа вчера имаше над 2 илјади нови случаи, ги натера нашите граѓани веднаш штом влезат во овие земји да одат во 10-дневен карантин.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button