ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Со измените во КЗ пониски казни и за сексуална злоупотреба на деца

Новиот Кривичен законик предвидува поблаги казни и за лицата кои сексуално ќе злоупотребат деца на возраст под 14 години. Иако фокусот на измените беше ублажување на казните за злоупотреба на службената положба, експертите сметаат дека намалувањето на казните и за вакви кривични дела е алармантно. Професорката Беса Кадриу во интервју за Алсат рече дека измените се направени без соодветна стручна правна анализа.

„Сметам дека ова нема силна професионална и правна основа. Со ова се покажува несериозност и значи дека законите се носат само колку да се каже. Само се слуша изреката дека законите треба да се прилагодат со оние на ЕУ, но немаат никаква врска со фактичките или реалните околности“, вели Кадриу.

Според член 188 од Кривичниот законик лицата кои сексуално ќе злоупотребат малолетници ќе добијат најмалку осум години затвор. Претходно се предвидуваа најмалку 12 години. Одредбите, исто така, им ги олеснуваат казните за насилниците кои некому му предизвикале телесни повреди, па дури и смрт. За тоа во стариот законик предвидуваа најмалку 15 години, но и доживотен затвор.

Новите одредби се спротивни на Конвенцијата за правата на децата усвоена од Генералното собрание на Обединетите нации во ноември 1989 година.

„Во сите одлуки во врска со децата, без разлика дали се донесени од јавни или приватни институции за социјална поддршка, судови, административни органи или законодавни тела, најдобриот интерес на детето ќе биде примарна важност“, се вели во член 3 од оваа Конвенција.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button